
Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија
„Во Србија мирни демонстранти, вклучително и студенти и малолетници, се тепани, апсени и заплашувани“, објави групата на својот профил на „Икс“. „Нашиот генерален секретар Сандро Гози ја повика ЕК да реагира. Европската Унија не смее да си ги затвора очите – потребна е цврста позиција, со конкретни последици за пристапниот процес на Србија“.
Групата „Европска народна партија – Европски демократи“ во Европскиот парламент ја повика Европската комисија да реагира на тековните настани во Србија.
„Во Србија мирни демонстранти, вклучително и студенти и малолетници, се тепани, апсени и заплашувани“, објави групата на својот профил на „Икс“. „Нашиот генерален секретар Сандро Гози ја повика ЕК да реагира. Европската Унија не смее да си ги затвора очите – потребна е цврста позиција, со конкретни последици за пристапниот процес на Србија“.
Во објавата се нагласува дека Србија мора да ги почитува основните човекови права доколку сака да стане членка на ЕУ. „Владеењето на правото не е опционално“, се додава.
По трагедијата во Нови Сад минатата година, кога на железничката станица загинаа 16 лица, низ целата земја избувнаа протести. Студенти блокираа повеќе од 60 факултети и станаа предводници на демонстрациите, обвинувајќи го владиниот врв за корупција и непотизам. Последните денови дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата, при што се уапсени стотици лица.