
Европратениците ја повикаа Албанија да ги забрза реформите и да ги зајакне демократските институции
Во денеска усвоениот извештајот Комитетот за надворешни работи на Европски парламент ја поздрави непоколебливата посветеност на Албанија за пристапување во ЕУ, повикувајќи ја да ги забрза реформите во владеењето на правото, борбата против корупцијата и слободата на медиумите, како и да одговори на политичката поларизација и странското злонамерно влијание
Во денеска усвоениот извештајот Комитетот за надворешни работи на Европски парламент ја поздрави непоколебливата посветеност на Албанија за пристапување во ЕУ, повикувајќи ја да ги забрза реформите во владеењето на правото, борбата против корупцијата и слободата на медиумите, како и да одговори на политичката поларизација и странското злонамерно влијание.
Во извештајот, европратениците истакнаа широк политички консензус и силна јавна поддршка за пристапување на Албанија во ЕУ, со целосно почитување на надворешната и безбедносна политика на ЕУ.
Како што објавија албанските медиуми, во соопштението се наведува дека европратениците ја поздравиле целта на Албанија да ги заврши преговорите за пристапување во ЕУ до 2027 година, но исто така нагласија дека Тирана треба веднаш да ги интензивира реформите, а приоритетите се зајакнување на независноста на судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал и заштитата на основните права.
Во извештајот се нагласува дека промоцијата на медиумскиот плурализам и транспарентност остануваат клучни за градење јавна доверба и се укажува на континуирана политичка поларизација и се повикува на поконструктивен и по инклузивен дијалог.
Во исто време, се изразуваат сериозни загрижености за малигно странско влијание, особено од извори поврзани со Кремљ, кое претставува закана за демократските институции на Албанија и нејзините амбиции во однос на европската интеграција. Пратениците, исто така, го поздравија отворањето на Канцеларијата на ЕП во Тирана, кое го сметаат за клучно за зајакнување на врските меѓу ЕУ, локалните институции и граѓанското општество на партнерите на Унијата низ целиот Западен Балкан.
Пратениците, исто така, се осврнаа и на парламентарните избори одржани на 11 мај, за кои оценија дека биле конкурентни, но се одржале во поларизирана средина. Тие ги повика албанските политички партии да се посветат на сеопфатни изборни реформи во согласност со препораките на ОДИХР и Венецијанската комисија.
Извештајот на Комитетот за надворешна политика ќе се гласа на денешната пленарна седница на Европскиот парламент.