Грчкиот актер и европратеник од СИРИЗА Алексис Георгулис повеќе не е член на партијата и еврогрупата, откако претседателката на ЕП побара да му биде одземен имунитетот по добиеното барање од белгиските власти.
Според грчките медиуми, пред три години била поднесена пријава против Георгулис за сексуално вознемирување, а вчера по барањето на претседателката на Европскиот парламент за одземање на имунитетот на европратеникот, со соопштенија, истовремено излегоа и СИРИЗА и самиот Георгулис.
Европратеникот коментираше дека станува збор „очигледно лажна и клеветничка пријава за инцидент што наводно се случил пред три години“ и паралено се поднесе оставка од партијата.
Од СИРИЗА и од еврогрупата на СИРИЗА соопштија дека Георгулис е исклучен од партијата по информациите за покренато обвинение.
Владејачката Нова демократија побара од опозициската партија да одговори на што точно се однесува пријавата против Георгулис и дали тој си заминал од партијата или бил исклучен, со оглед на тоа дека двете страни излегоа со соопштенија со различни ставови.