Европа сака да го испрати финскиот претседател Стуб како поддршка на Зеленски во Белата куќа

Топлиот пречек на Владимир Путин со црвен тепих на Алјаска ги вознемири европските лидери дека Володимир Зеленски можеби нема да добие ист пријателски третман кога утре ќе се сретне со Доналд Трамп во Белата куќа. Двајца добро информирани европски дипломати велат дека со Зеленски би можел да патува најмалку еден од омилените европски функционери на Трамп, финскиот претседател Александер Стуб, кој би спречил можна нова кавга со украинскиот претседател и би го убедил Трамп да ја вклучи Европа во идни мировни разговори.

Покрај Стуб, на средбата би можел да присуствува и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, уште еден близок соработник на Трамп.

Трамп не успеа да договори прекин на огнот на самитот со Путин и притоа наводно го прифатил неговиот предлог за размена на територии како пат кон завршување на војната во Украина. Трамп се надева дека по утрешната средба со Зеленски ќе договори трилатерален состанок Русија-Украина-САД.

Европа и Украина сметаат дека утрешната средба е клучна за тоа дека Трамп нема да се согласи со барањата на Путин за отстапување украинска територија на Русија. Европските сојузници на Украина исто така сакаат да избегнат уште една „заседа“ за Зеленски, што би можело да ги наруши односите во овој деликатен момент. Катастрофалниот состанок Трамп-Зеленски во Белата куќа во февруари ги уназади односите за неколку месеци.

Русија кажа дека на самитот на Алјаска не се разговарало за трилатерална средба, а Путин и натаму одбива да се сретне со Зеленски.

„Волстрит џурнал“: Финска како мост меѓу Трамп и Европа за преговорите за Украина