Европа мора да биде поодговорна за сопствената одбрана

Европа мора да стане посуверена, поодговорна за сопствената одбрана и подобро опремена да дејствува и самостојно да се справува со непосредните и идните предизвици и закани во услови кога руската агресија врз Украина и нејзините последици по европската и глобалната безбедност претставуваат егзистенцијален предизвик за Европската Унија, се наведува во заклучоците посветени на европската одбрана од денешниот специјален Самит на ЕУ.

Европа мора да стане посуверена, поодговорна за сопствената одбрана и подобро опремена да дејствува и самостојно да се справува со непосредните и идните предизвици и закани во услови кога руската агресија врз Украина и нејзините последици по европската и глобалната безбедност претставуваат егзистенцијален предизвик за Европската Унија, се наведува во заклучоците посветени на европската одбрана од денешниот специјален Самит на ЕУ.

Во овој контекст, како што се потенцира, Европската Унија ќе го забрза мобилизирањето на потребните инструменти и финансии со цел да ја зајакне својата безбедност и ги заштити своите граѓани.

– Притоа, Унијата ќе ја зајакне својата севкупна одбранбена подготвеност, ќе ги намали своите стратешки зависности, ќе ги надмине празнините во критичните способности и соодветно ќе ја зајакне европската одбранбена технолошка и индустриска база, така што ќе биде во позиција подобро да се снабдува со опрема во потребните количини и со забрзано темпо. Ова, исто така, ќе придонесе за зајакнување на европската индустриска и технолошка конкурентност, посочуваат лидерите на ЕУ.

Во текстот натаму се посочува дека Европскиот совет ја нагласува потребата од значително продолжување на зголемувањето на трошоците за безбедноста и одбраната на Европа и ја повикува на Европската комисија да истражува понатамошни мерки со кои на земји членки ќе им овозможи полесно обезбедување на поголеми трошоци за одбраната, притоа обезбедувајќи одржливост на долгот.

Лидерите, исто така, ја повикуваат ЕК да предложи дополнителни извори за финансирање за одбраната на ниво на ЕУ и го поздравува нејзиниот предлог за нов инструмент со што на земјите членки ќе им се обезбедат заеми поддржани од буџетот на Унијата во износ до 150 милијарди евра.

Nuk mund të ketë asnjë lloj negociate për Ukrainën pa pjesëmarrjen e Kievit, thuhet në tekstin e propozim-konkluzioneve të Këshillit e sotëm të posaçëm Evropian në Bruksel, kushtuar mbështetj

Во заклучоците се поздравуваат плановите на Европската инвестициска банка за засилување на поддршката за европската безбедносна и одбранбена индустрија и се нагласува важноста од мобилизирање на приватното финансирање во овој сектор.

Европскиот совет ја нагласува потребата од одбраната на сите копнени, воздушни и поморски граници на ЕУ, посебно на источната, имајќи ги предвид заканите што доаѓаат од Русија и Белорусија, како и важноста од заеднички набавки за потребите на одбраната со цел намалување на вкупните трошоци и обезбедување стандардизација и интероперабилност и од поедноставување на правната и административната рамка за јавните набавки.

– Европскиот совет, исто така, потсетува дека посилна и поспособна Европска унија во областа на безбедноста и одбраната позитивно ќе придонесе за глобалната и трансатлантската безбедност и е комплементарна со НАТО, кој останува, за оние држави кои се негови членки, основа на нивната колективна одбрана. Тој ги поканува земјите членки кои се исто така сојузници на НАТО да се координираат пред Самитот на НАТО во јуни 2025 година. Европскиот совет ја нагласува важноста да се работи заедно со партнери кои не се истомисленици во ЕУ, се додава во заклучоците.

Во нив натаму се наведува дека ова не е во спротивност со специфичниот карактер на безбедносната и одбранбената политика на одредени членки и дека ги зема предвид интереси на сите земји од Унијата.

– Европскиот совет се радува на Белата книга за иднината на европската одбрана, вклучително и на дополнителните елементи и опции во неа, кои имаат за цел значително да го зголемат финансирањето на европската одбрана и да ја зајакнат европската одбранбена технолошка и индустриска база. Европскиот совет ќе се врати на ова прашање и на состаноците во март и јуни, се додава во заклучоците за европската одбрана од денешниот специјален Самит на ЕУ.