Евробаскет 2025: Турција прв полуфиналист

Кошаркарската репрезентација на Турција обезбеди пласман во полуфиналето на Евробаскет 2025 откако попладнево ја совлада Полска со 91:77.

Кошаркарската репрезентација на Турција обезбеди пласман во полуфиналето на Евробаскет 2025 откако попладнево ја совлада Полска со 91:77 (19:19; 27:13, 19:18 и 26:27). Нивни ривал во полуфиналето ќе биде победникот од дуелот меѓу Литванија и Грција.

По изедначениот прв период (19:19) решавачката предност Турција ја направи во вториот период, кој го доби со 27:13. Тоа беше и разликата која беше и на крајот на натпреварот особено што секоја од репрезентациите доби по еден период до крајот со по поен разлика.

Прв играч на натпреварот беше Алперен Шенгун од Турција кој имаше „трипл дабл“ – 19 поени, 12 скока и 10 асистенции.

Во утрешните два четвртфинални натпревара ќе играат: Финска – Грузија и Германија – Словенија.