Еве на кој број треба да пријавите приватна употреба на службено возило

Сите пријави ќе се проследуваат до надлежните органи за понатамошно постапување, напиша директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски во објава на Фејсбук.

Од денеска на телефонскиот број 070/399 – 050 или на prijavizloupotreba@sozr.gov.mk, граѓаните можат да пријавуваат незаконска, партиска или приватна употреба на службените возила.

– Исполнуваме уште една ветена мерка за одговорно управување со државниот имот. Од денеска на 070 399 050 или prijavizloupotreba@sozr.gov.mk граѓаните можат да пријавуваат незаконита, партиска или приватна употреба на службените возила. Сите пријави ќе се проследуваат до надлежните органи за понатамошно постапување, напиша директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски во објава на Фејсбук.

Тој денеска при посетата на Гази Баба рече дека пријавите ќе се проследуваат до институцијата каде се констатирани злоупотреби по што раководителите на тие институции ќе можат да покренат постапки против лицата кои ги направиле злоупотребите.

Само 500 службени возила добиле таблички во друга боја – голем број се во процедура