Еве колку странци ќе може да работат идната година во Црна Гора

Црногорската влада ја одобри предлог одлуката за утврдување годишен број на дозволи за привремен престој и работа на странци за наредната година во износ од 28.990 дозволи.

Црногорската влада ја одобри предлог одлуката за утврдување годишен број на дозволи за привремен престој и работа на странци за наредната година во износ од 28.990 дозволи.

Годишната квота за наредната година е утврдена во вкупен број од 28,99 илјади дозволи – се наведува во информацијата на владата, објавена по одржаната телефонска седница.

Од годишната квота се издвојуваат пет илјади дозволи, кои органот на државната управа надлежен за труд може дополнително да ги распредели за одредени намени, согласно потребите на пазарот на трудот, на барање на Заводот за вработување .

– Од годишната квота се утврдени дозволи за вработување на странци и тоа 21,62 илјади дозволи, а 2,37 илјади дозволи за сезонско вработување на странци – се наведува во огласот.

Таа одлука, се додава, ќе важи од 1 јануари следната година, пренесува Банкар.ме.