Евентуалното разрешување на Коцевски е груба партизација на судството, велат од СДСМ

СДСМ е за реформи во судството, но ова што го прави власта е груба партизација изјави портпаролката на партијата, Богданка Кузеска прашана за ставот на партијата за евентуалното разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски кое е на дневен ред на денешната седница на Влада.

СДСМ е за реформи во судството, но ова што го прави власта е груба партизација, изјави портпаролката на партијата, Богданка Кузеска прашана за ставот на партијата за евентуалното разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски кое е на дневен ред на денешната седница на Влада.

-Ставот на СДСМ е јасен по ова прашање и никогаш не бил доведен во дилема. Ние сме за реформи во судството, но ова што го прави власта е дефинитивно една груба партизација. Затоа повикуваме да се тргнат рацете на политиката од судството и да се видат сериозни чекори дека се работи на сериозни реформи во однос на подобрување на состојбата, изјави Кузеска по доставувањето документи до премиерот Христијан Мицкоски во врска со нивните тврдења за сомнежите дека постои корупција и неправилности во работата на првиот вицепремиер Изет Меџити

Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски се очекува да биде усвоен на денешната владина седница. Како што соопшти вчера премиерот Мицкоски, постапката може да трае неколку недели или месеци, согласно законот, оти Владата не може да го разреши, туку може само да ја отпочне постапката.

-Апсолутно не можеме ние како Влада да го разрешиме, туку можеме да ја отпочнеме постапката. Како што имам информација треба да се испрати дописот до Советот на јавни обвинители, па таму во рок од 15 дена да чекаме мислење. Оваа процедура ќе потрае, нема да заврши инстант брзо. Таков е законот, рече Мицкоски.

LSDM-ja sot në Qeveri ka dorëzuar dokumente për kryeministrin Hristijan Mickoski në lidhje me pretendimet e tyre për dyshime se ekziston korrupsion dhe parregullsi në punën e zëvendëskryemini

Владата на 11 февруари 2025 година донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски кој беше избран на оваа позиција пред една година, а неговиот мандат трае шест години. Министерството за правда, постапувајќи по заклучокот од  50-та седница на Владата, го изготви Предлог-мислењето за разрешување на државниот јавен обвинител во кое како причина се наведени нарушена функционалност на Јавното обвинителство, нарушени меѓучовечки односи, незаконски постапувања и корупција, неефикасност во кривичното гонење и повреда на принципите на организација на Јавното обвинителство.

Републичкиот обвинител Коцевски ги демантираше тврдењето дека незаконски постапувал и најави дека ќе се произнесе по предлогот за негово разрешување откако Владата ќе го достави до Советот на јавни обвинители.