Грчките медиуми известуваат дека има сомнение за примање мито поврзано со светското првенство во Катар.
Грчкиот репортер јавува дека таа е осомничена за примање мито поврзано со Светското првенство во Катар.
Уапсен е и нејзиниот партнер Лука Висентини, а воедно и новоизбран генерален секретар на Меѓународната конфедерација на синдикати.
Пјер-Антонио Панцери беше друго име што се споменува во врска со истрагата. Тој е поранешен член на Европскиот парламент на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (S&D).
Шеснаесет претреси се извршени вчера во Брисел, а во рамките на случајот се уапсени пет лица, соопшти бриселското Јавно обвинителство.
Ева Каили е исклучена од партијата со одлука на претседателот Никос Андролакис.
Белгиската полиција вчера извршила претрес на 16 локации во Брисел. Истрагата која трае со месеци е поврзана со корупција, перење пари и формирање криминална организација.
Правосудството во Белгија се сомнева дека „земја во Персискиот Залив“ подмитувала членови на Европскиот парламент.
При претресот биле одземени и компјутери и мобилни телефони, а најден е многу кеш.