Евакуација поради ширење на пожарот во југозападна Турција

Повеќе од 270 луѓе се евакуирани во близина на одморалишта во југозападна Турција поради пожарот кој избувна во вторникот и се прошири поради високите температури и силниот ветар.

Досега се зафатени речиси три илјади хектари земјишта, додаде министерот. Потврди дека пожарот првични избувнал во националниот парк во Мармарис. Шумски пожар ја зафати и покраината Кахрамамнараш на југоистокот на Турција, пренесе телевизијата TRT. 12 авиони и 45 хеликоптери помагаат во гаснењето на пожарот во Мармарис, посочи Киришчи, и додаде дека пристигнуваат уште три хеликоптера од Катар и авион од Азербејџан.