ЕБОР на Албанија и одобри заем од 30 милиони евра за железницата Драч-Рогожина, дел од Коридорот 8

Откако ќе биде завршен овој проект, возовите ќе можат да се движат со брзина до 120 км/ч. Тоа означува важен чекор во напорите на Албанија за модернизација на железничката мрежа, подобрување на регионалната поврзаност и усогласување со транспортните и еколошките стандарди на ЕУ.

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе ја поддржи изградбата и електрификацијата на железничката пруга Драч-Рогожина, дел од Коридорот 8, одобрувајќи и на Албанија заем од 30 милиони евра.

„Ова е дополнителен заем по оној од 30 милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ) и 60 милиони евра во инвестициски грантови и техничка помош од ЕУ преку инвестициската рамка за Западен Балкан, кои беа потпишани во април годинава. Вкупниот фонд на интервенција во овој железнички сегмент е 120,5 милиони евра, објави abcnews.al.

Стратешкиот проект предвидува рехабилитација, доизградба и електрификација на приближно 34 километри железничка пруга помеѓу пристанишниот град Драч и Рогожина во Албанија, вклучувајќи ја и реконструкцијата на објектите на железничките станици.