Директорот на Клиниката за кардиохирургија, доктор Марјан Шокаровски за „Слободен печат“ не сака да го коментира вчерашниот инцидент на клиниката во која учествувале тој и екс-директорот доктор Сашко Јовев.
Шокаровски кусо вели дека постојат видео-записи од камерите во болницата на кои точно се гледа што се случило и сите тие заедно со изјави од присутни, биле предадени на полицијата.
– Целата вистина заедно со сите изјави на оштетените меѓу кои сум и јас и видеозаписите ќе бидат објавени. Ве молам, во интерес на пациентите да оставиме истрагата да заврши, посочи директорот на Клиниката за кардиохирургија, доктор Шокаровски.
Вчера МВР во билтен соопшти дека дошло до инцидент меѓу Шокаровски и Јовев, а настанот во полиција го пријавила и Клиниката и самиот Јовев.