Д-р Ристески: Не слушајте киропрактичари, ракот не се лекува со „изгладнување“
Доктор Милан Ристески, специјалист по онкологија, на својот Фејсбук-профил апелира лицата заболени од рак да не следат безусловно разни упатства за лекување објавени на интернет затоа што тоа, како што вели, може да ги доведе до побрза смрт. Тоа, нагласува, е случај и со тврдењата дека заболените треба да гладуваат за да го „изгладнат“ ракот.

– Овој лик што се претставува како доктор, а всушност е киропрактичар по неуспешен обид да заврши медицина, е извор на стравотни невистини. Не можете да го изгладните ракот со гладување! Не постои ниту една студија, од многуте од овој тип на „изгладнување“ што го потврди ова, напротив, сите пациенти што во метастатски стадиум се изгладнуваа не само што не се излекуваа туку починаа побргу од оние што не гладуваа. Неразбирањето на туморскиот катаболизам кај ваквите ликови носи стотици пациенти во пребрза смрт – стои во објавата на „Фејсбук“ на доктор Ристески.