Д-р Нико Беќаровски: Упорно ја прогласувате средбата Ковачевски – Мицкоски за лидерска, а двајцата имаат поддршката од 25 отсто од граѓаните

Доктор Нико Беќаровски преку социјалните мрежи им се обрати на новинарите. Тој во својата објава вели дека средбата меѓу Ковачевски и Мицкоски новинарите ја нарекуваат лидерска, а тие двајца имаат поддршка на максимум 25 проценти од граѓаните, па со таков рејтинг тоа може да биде само средба на двајца претседатели на партии.

„Почитувани македонски новинари

ЛИДЕР (Leader) е англиски збор кој значи водач, човек кој е на чело од колоната.

За некој да биде водач треба да ја има довербата од луѓето кои ги води позади себе.

ВИЕ, упорно ја прогласувате средбата меѓу Димитар Ковачевски и Христијан Мицковски за некаква си лидерска средба, иако според анкетите кои Вие ги објавувате, двајцата вкупно имаат поддршката од максимум 25 проценти од нашите граѓани.

Со така “висок рејтинг” меѓу народот, таа средба може да биде само средба на двајцата претседатели на двете најголеми партии и ништо повеќе, или како што смета најголем дел од народот, средба на претседателите на двете партии кои ја уништија Македонија во овие 32 години“, напиша тој на Фејсбук.