
Доктор Нико Беќаровски на социјалните мрежи објави фотографија од мерната станица во Ново Лисиче која покажува енормни бројки на загаденост.
Тој вели дека токму тоа е причината зошто голем број граѓани кашлаат, ги гребе грлото и ги печат очите.
„Ако не Ви е доволно јасно зошто сите во градов кашламе, нѐ гребе грлото, нѐ печат очите… Амонијакот во Пирот труеше неколку часови, воздухот во Скопје труе со недели. Геноцидот на сопствениот народ е најмонструозен облик на геноцид“, вели Беќаровски.
