Д-р Алек Савески носител на советничката листа на СДСМ за Центар
Д-р Александар Савески ќе биде носител на советничката листа на СДСМ за Општина Центар на претстојните локални избори. Савески ја прифатил понудата на кандидатот за иден градоначалник, а воедно и актуелен градоначалник на Центар, Горан Герасимовски.

Двајцата веќе работат на креирање победничка листа која ќе понуди решенија и конкретни политики за подобар и поквалитетен живот на сите центарци.
„Точно така, д-р Алек ќе биде носителот на нашата советничка листа. Верувам дека со неговото искуство, професионалност и личен интегритет, заедно ќе изградиме силен тим што ќе ја продолжи мисијата, Центар да биде најмодерната и најурбаната општина во земјата. Нашата цел е едноставна: подобар живот за сите центарци“, рече Герасимовски.
Савески, е специјалист ортопед, субспецијалист трауматолог на Клиниката за ТОАРИЛУЦ при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Тој е официјален лекар на македонската фудбалска репрезентација.
Во 2021 година, тој беше дел од медицинскиот тим кадешто беше извршена првата трансплантација на коска од починат донор. Со тоа, македонското јавно здравство испиша уште една историја во сегментот на трансплантации.