
Дурмиши: Засега нема причина за мерки за цените на храната, ако има енормно зголемување, ќе реагираме
Министерството за економија и труд засега не гледа причина да реагира во однос на цените на храната затоа што во декември цените биле намалени за 0,4 проценти. Доколку има енормно зголемување на цени, вели министерот за економија Бесар Дурмиши, ќе реагираат и ќе се преземат мерки.
Министерството за економија и труд засега не гледа причина да реагира во однос на цените на храната затоа што во декември цените биле намалени за 0,4 проценти. Доколку има енормно зголемување на цените, вели министерот за економија Бесар Дурмиши, ќе реагираат и ќе се преземат мерки.
Тој денеска изјави дека во моментот не гледа причина за некакво ограничување на профитната бруто-маржа или ограничување на цените.
– Засега не гледаме причина да преземаме некакво ограничување на профитната бруто-маржа или ограничување на цените. Секојдневно ја следиме ситуацијата, во комуникација сме со претставниците од Државниот пазарен инспекторат и ако има потреба, ќе реагираме, но во декеври цените во делот на храната и пијалаците се намалени за 0,4 проценти. Убеден сум дека овој тренд ќе продолжи и оваа година, изјави Дурмиши.
Минатата година, како што посочи, направени се повеќе од 20 илјади контроли и изречени се 2,5 милиони евра казни за оние трговци кои се однесувале девијатно и ги зголемиле цените без економска оправданост.
– Мислам дека има повеќе контрола и се работи како што треба, рече Дурмиши.