Дурмиши вели дека јајцата поскапеле поради цените на светските берзи
Министерот за економија и труд, Бесир Дурмиши, енормниот раст на цената на јајцата го оправда со зголемувањето на цените на пченката и сојата, кои, како што рече, се формираат на светските берзи и државата нема директно влијание врз нив.

Тој ја обвини претходната влада дека не презела доволно мерки за поддршка на домашните производители, додавајќи дека Министерството за земјоделство започнало кампања за стимулирање на производството на овие суровини.
„Кога станува збор за јајцата, тоа е директно поврзано со цената на сојата и пченката, кои се берзански производи и не можеме да влијаеме на нив“, изјави Дурмиши.
Воедно, тој најави дека од 1 јануари ќе почне да се спроведува Законот за финансиска поддршка на инвеститорите, со кој ќе се обезбеди помош за локалните производители што ќе го зголемат производствениот капацитет или ќе инвестираат во нова технологија. Според министерот, ова ќе придонесе за повеќе работни места и зголемено домашно производство.