„Дури и доколку бидат усвоени уставните измени, можни се други пречки“: Шпанскиот амбасадор зборува за ЕУ перспективата на Македонија

Македонија е можно да има барања и од други земји членки на ЕУ на патот кон Унијата дури и доколку бидат усвоени уставните измени, вели шпанскиот амбасадор во земјава, Хозе Лозано Гарсија, во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

Тој потсетува дека реформите во правото, правосудството и борбата против корупцијата се исто така важни на патот, додека за годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија оценува:

– Дали чашата е полуполна или полупразна, зависи дали си власт или опозиција.

Претседавањето со Унијата Шпанија за неколку дена ќе ѝ го предаде на Белгија.