За социјалната правда и домувањето, зборуваме со Билјана Дуковска од Македонската платформа против сиромаштија.
Она за кое ние сакаме да зборуваме е стратешко влијание за домувањето и стратешката вклученост, започнува Дуковска.
Како живее еден европеец така треба да живее и еден Македонец. Вкупната сума на трошоци, хипотека, кирија и отплата на рата не треба да биде повисока од 35-40%, вели Дуковска.
Кај нас доколку не сте во најранливата категорија или ако не сте студент вие немате опција како и каде во еден момент на социјален ризик. Освен социјални услуги нема систем за домување во кој може достапно да се обезбеди место за живеење, продолжува Дуковска.
Како што вели таа, инвестиција во домување значи директна инвестиција во здрава нација, намалување на сиромаштија и почитување на човековата права.
За праксата за домување во Исланд зборуваме и со Гудмундур Крафн Арнгримсон, претседател на Здружение на станари Исланд.
Тој вели дека моментално во Исланд се соочуваат со недостиг на станбени единици заради големиот раст на населението во Исланд.
Целото интевју може да го погледнете во продолжение.