ДУИ: Ќе се бориме политичката формација ОВК именувана како ДУИ секогаш да победува

„Огнените“ се огорчени и разочарани дека од медиумите дознале  за состанокот и одлуките донесени на тајната средба на Претседателството на ДУИ дека тие самите заминале од партијата. Според фракционерите, ДУИ манипулира дека тие се самоисклучиле од партијата.

„Не се ‘самоисклучивме’, туку го напуштивме состанокот (на 1 април) во знак на протест како резултат на непочитувањето и манипулацијата со партискиот статут. На бевме поканети на состанокот како членови на Претседателството, што претставува повреда на статутот и законските обврски на органите на партијата. Ваквото раководење со партиското тело е самоволно и недемократско. Членовите на Претседателството ги избира Генералниот Совет и само тој може да ги разрешува истите, според законски процедури. Бараме да престане манипулирањето на јавноста преку зборови, сериозно да се внимава на внатрепартиските несогласувања, како резултат на сквернавењето на демократијата, меритократијата и партискиот статут“, велат од Фракцијата на ДУИ.

Од таму додаваат дека остануваат стоички во убедувањата дека ДУИ треба да има одговорност за своето потекло, историја, демократски вредности и обединувачки дух, вредности кои ја одржале како апсолутен победник на сите избори во последните две децении.

„Како фракција ќе продолжиме да се бориме со сите демократски, политички и меритократски средства, за зачувување на вредноста и придонесот на сите Албанци, кои никогаш не престанаа да ја поддржуваат и да ја доведуваат до апсолутна победа, политичката формација ОВК, именувана како Демократска Унија за Интеграција“, соопшти Фракцијата на ДУИ.