ДУИ ќе настапи со отворени листи на идните парламентарни избори

Поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи од ДУИ, најави дека партијата на следните парламентарни избори ќе излезе со отворени листи.

Поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи од ДУИ, најави дека партијата на следните парламентарни избори ќе излезе со отворени листи.

Според Османи, со ваквиот начин граѓаните ќе имаат можност не само да избираат партија, туку и конкретни кандидати кои ќе ги претставуваат во парламентот.

„Граѓаните мора да имаат право да изберат не само партија, туку и кандидатот кој ќе ги претставува. Ова е најправичниот начин да се зајакне гласот на избирачот и да се обезбеди вистинско претставување во Собранието“, најави Османи.