ДУИ ја „фрли ракавицата“: Кој ќе загуби на парламентарните избори, веќе да не се занимава со политика

Крешник Бектеши – министерот за економија денеска рече дека неговата партија со сигурност ќе ги добие парламентарните избори.

„Во моментов, не сме многу блиску до коалиција со СДСМ, но најважно е дека кога победува ДУИ, победуваат граѓаните. Веќе се знае дека ДУИ сигурно ги добива следните парламентарни избори“ рече Бектеши.

Тој напомена и дека треба да се направи договор, „да направиме договор сите политички договор, тој што ќе изгуби, веќе да не се занимава со политика, ниа ја фрламе ракавицата“.