Денеска откриваме уште еден неприфатлив чин од страна на државна институција-Државниот пазарен инспекторат го укина албанскиот јазик од службена употреба, велат од ДУИ.
„Во неговите нови документи, албанскиот јазик е целосно избришан, со што се прекршуваат сите законски и уставни норми што гарантираат употреба на двата службени јазици. Овој чин не е техничка грешка, тоа е намерен акт и флагрантно кршење на јазичната еднаквост.
Ова не е прв, а за жал, нема да биде ни последен случај. Станува збор за систематски обид за деградирање на политичко-правниот статус на Албанците, постигнат со Охридскиот договор, соопштија од ДУИ.