ДУИ: Учеството на ВРЕДИ на митинзите на ВМРО докажува целосна политичка зависност

Присуството на министерот за здравство и во исто време шеф на изборниот штаб на коалицијата ВРЕДИ за општина Гостивар, Азир Аљиу, како и на нивниот кандидат за оваа општина, на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар, претставува јасен доказ дека оваа коалиција веќе целосно зависи од гласовите на ВМРО во секоја општина во државата — до таа мера што бара спас и моли за помош од политичкиот патрон кој ги одржува во живот, се наведува во соопштението од ДУИ.

Присуството на министерот за здравство и во исто време шеф на изборниот штаб на коалицијата ВРЕДИ за општина Гостивар, Азир Аљиу, како и на нивниот кандидат за оваа општина, на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар, претставува јасен доказ дека оваа коалиција веќе целосно зависи од гласовите на ВМРО во секоја општина во државата — до таа мера што бара спас и моли за помош од политичкиот патрон кој ги одржува во живот, се наведува во соопштението од ДУИ.

„Ова не е соработка – ова е политичка покорност со јавно понижување. Тоа е јасен показател дека ВРЕДИ добро знае дека ќе изгуби во секоја албанска општина, затоа што веќе ја нема довербата, ниту поддршката, ниту легитимитетот на албанскиот народ.

А кога ќе ја изгубиш довербата на својот народ, останува само еден пат – да молиш за милост од својот патрон за да те спаси политички.

Наместо да ги застапува интересите на албанските граѓани, ВРЕДИ избра да ги застапува изборните интереси на ВМРО – учествувајќи на нивните митинзи, без да има ниту сила ниту достоинство да ги покани тие на своите. Но тоа не се случува – затоа што, како што вели политичката мудрост: патронот не оди кај вазалот.

Тоа е разликата меѓу партнерство и вазалство: Партнерите соработуваат – вазалите се покоруваат.

ВРЕДИ денес не говори со гласот на Албанците, туку со гласовите на ВМРО. ВРЕДИ повеќе не зборува со гласот на својот народ, туку со гласот на партијата што го укина балансерот и поднесе иницијатива за поништување на албанскиот јазик како службен јазик.

Ако една албанска политичка сила прифати да стане алатка на партијата што сака да го избрише секој симбол на албанската рамноправност, таа повеќе не е политичка сила – таа е послушна слугинка на еден антиалбански проект.

Недостатокот на албански гласови и губењето на легитимитетот од народот ги доведе во состојба на целосно вазалство, каде што нивната политичка моќ не произлегува од граѓаните, туку од молбите пред патронот кој им дава изборен кислород за да го одржи во живот нивниот пропаднат проект.

Тие веќе не бараат глас – тие бараат дозвола од патронот за политичко постоење. Нивното присуство на митинзите на ВМРО, на туѓи политички сцени, е чин на морална и политичка зависност кој го соблекува ВРЕДИ од секое тврдење дека ги претставува Албанците.

Тие повеќе не се глас на Албанците, туку одек на нивните политички патрони.

Затоа, ги повикуваме албанските граѓани да не дозволат нивната волја да биде злоупотребена од марионети оркестрирани од интересите на македонските партии. Никој што бара албански гласови, а зборува од бината на ВМРО, не може да тврди дека го застапува достоинството и каузата на Албанците.

ВРЕДИ повеќе не е глас на Албанците – туку одек на нивните политички патрони.

На 19 октомври, Албанците ќе го кажат својот збор со глас, достоинство и убеденост – докажувајќи дека легитимитетот не го дава ВМРО, туку го освојува народот“, велат од ДУИ.