ДУИ: Тоа не беше обичен локал, туку собиралиште на политичка, криминална и бизнис елита на Кочани
– Бидејќи тоа место не беше обичен локал. Тоа беше неформалното собиралиште на целата политичка, криминална и бизнис елита на Кочани и поширокиот регион. Од градоначалници, пратеници и партиски претседатели на ограноци, па се до инспектори, командири и функционери – сите биле редовни гости, во блиски релации со сопственикот и неговата екипа; на сите им било јасно дека зад овој објект стојат моќници кои го штитат, и затоа никој ништо не треба да прашува – додаваат од партијата.
Изминаа седум дена болка, молк и солидарност – денови кога целото општество се поклони пред споменот на 59 млади животи што згаснаа трагично, меѓу кои и деца, а стотици други беа повредени. Како Демократска Унија за Интеграција, одбравме да молчиме – од почит. Почит кон жртвите, кон семејствата, кон една национална рана што треба да не обедини, а не да нè подели. Но молкот заврши. И сега мора да се зборува, велат од политичката партија ДУИ.
– Од првиот момент на трагедијата, додека пожарот сè уште не беше изгаснат, додека граѓаните во шок бараа одговори и надеж, гледавме како врвот на власта – наместо да сочувствува – започна политичка хајка. Наместо со информации, излегоа со обвинувања. Наместо со смиреност, со закани. Се впери прстот кон другиот, кон минатото, кон тие што не се дел од нив. Без да почекаат фактите, ја активираа машинеријата за префрлање вина. Се конструираше приказна според која лиценцата на дискотеката, дадена години претходно за кабаре, стануваше основа за апсење на поранешен министер – со лисици, камери и насловни страници – се вели во соопштението од партијата.
Иако сите знаеле дека објектот имал низа недоследности, од ДУИ прашуваат зошто навреме не било спречено.