ДУИ да им каже на граѓаните колку ќе чини мега концертот во услови на економска криза, побара денеска движењето БЕСА.
Имено, партијата на Али Ахмети најави мега концерт со звучни албански естрадни имиња по повод 20 години постоење.
ДУИ да биде транспарентна за сите детали за овој мега концерт од илјадници евра.Нивна обврска како политичка партија е да им покажат на граѓаните колку пари ќе ги платат пејачите во оваа глобална криза и енормно високи цени.
Овој политички субјект наместо да ги насочи своите пари за ублажување на кризата кај граѓаните, тие ги користат за забави, знаејќи дека повеќето немаат пари ни за вреќа брашно“, соопштија од БЕСА.
Меѓудругото БЕСА побара итно предвремени парламентарни избори.