ДУИ: Слугите од ВРЕДИ нè оддалечуваат од Европа и Америка, се приближуваат кон Кина и Русија

„Демократската унија за интеграција смета дека губитниците на претседателските и парламентарните избори од ВРЕДИ секојдневно не оддалечуваат од интеграцијата во Европската унија и ја приближуваат државата до стратешко партнерство и финансиска зависност од Кина и Русија“ велат од ДУИ.

Ставот на партијата е дека „одлуката на Европската унија да ја одвои Албанија од Северна Македонија во нашиот европски пат е најголемиот неуспех за владата со моноетнички легитимитет“.

„Ги потсетуваме граѓаните дека албанските партии кои ги загубија изборите потпишаа предизборна декларација и ветија дека никогаш нема да станат дел од влада без промена на уставот и деблокирање на европскиот пат на земјата. Ветија и дека за три до шест месеци ќе го сменат уставот, во спротивно ќе излезат од владата. Но, повторно ги излажаа и ги измамија граѓаните. За само 100 дена ја оддалечија земјата од Европа, предизвикаа непријателства со Грција, Бугарија, Косово и Албанија, а притоа ја доближија до Србија, Унгарија, Русија и Кина“ велат од ДУИ.