
Демократската унија за интеграција остро ја осудува политичката и антиуставна одлука на Уставниот суд со која ѝ се забранува на Исламската верска заедница да организира средно образование, право кое го има од 1984-та, со што им се ускратува на илјадници млади правото на образование и изградба на иднината според нивните уверувања и идентитет.
Оваа одлука, велат интегративците претставува директен напад врз верската слобода, врз достоинството на муслиманската заедница и врз едно право што беше добиено како исправка на историска неправда за време на претходна влада.
„Ова не е само правно прашање – ова е битка за колективното достоинство.
-Но, она што е уште потешко од самата одлука е срамната тишина на албанските претставници во оваа влада.
-Наместо да протестираат – тие молчат.
-Наместо да поднесат оставка – тие се правдаат.
-Наместо да ги штитат граѓаните – тие ги штитат фотелјите и наредбодавците.
-Тие не се претставници – тие се послушни вазали на власт која повторно го активира проектот за еднонационална држава, без место за другите.
-Не смееме да молчиме пред ова понижување.
-Ние смееме да дозволиме клучни придобивки да бидат избришани од тие што денес се продаваат за една фотелја, за привилегија.
-Ние ќе бидеме гласот на секој ученик што денес се чувствува исклучен, на секој родител што ја гледа загрозена иднината на своето дете, и на секој граѓанин што не прифаќа повеќе да биде понижуван во тишина.
-Го повикуваме домашната и меѓународната јавност, верските заедници, граѓанското општество и секој човек со совест да реагира. Зашто молкот денес значи соучесништво со неправдата“, соопштуваат од ДУИ.