ДУИ се јави за Груби: Правдата треба да биде еднаква за сите

Демократската унија за интеграција позитивно ја оценува одлуката на нивниот поранешен функционер Артан Груби да се врати во земјата. Оттаму велат дека партијата останува цврсто на својот став дека правдата треба да биде еднаква за сите, без селективност, без двојни стандарди и без политичко влијание.

„ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата, со што се создава можност да се презентираат сите достапни аргументи и да се разјаснат сите прашања преку транспарентна, фер и непристрасна постапка. Очекуваме процесот да се спроведе во согласност со највисоките стандарди на владеењето на правото: пред сè, со високо ниво на транспарентност, во согласност со јавниот интере, но пред сè, со целосно почитување на презумпцијата на невиност и со заштита на индивидуалните права и слободи.

ДУИ останува цврсто на својот став дека правдата треба да биде еднаква за сите, без селективност, без двојни стандарди и без политичко влијание. Само фер и професионална постапка служи на вистината, институциите и довербата на граѓаните. Со оглед на високиот политички и јавен интерес во овој случај, партијата внимателно ќе го следи процесот во сите негови фази“, стои во целосното соопштение од „Мала Речица“.