ДУИ: Се реформиравме со заминувањето на Изет „МегаВин“ Меџити

ДУИ на дело покажа дека најголемите и најдлабоките реформи се случуваат кога самите криминализирани елементи ќе ја напуштат партијата.

„Најјасен пример е заминувањето на шефот на урбаниот криминал и слуга на коцкарската индустрија, Изет „Мегавин“ Меџити, кој сфати дека неговите криминални активности немаат простор и повеќе не можат да просперираат во ДУИ бидејќи не би го преминале партискиот и државниот ветинг.

-Ова е доказ за нашата посветеност за чистење и зајакнување на нашите редови за заштита на интересите на граѓаните и обезбедување чиста и чесна политика“, велат од Демократската унија за интеграција.

„Тие што ја напаѓаат ДУИ со соопштенија напишани од нивните сопственици ВМРО ДПМНЕ и преведени на албански јазик, мора да сфатат дека нивните напори се предодредени да пропаднат пред нашата определба за интегритет и напредок.

-Тие што треба да сносат одговорност се во Владата, вие ги имате на вашата десно страна, а од криминалци ги „реформиравте“ во џентелмени.

-Сите тие во месец мај јавно ветија дека доколку изгубат со еден глас помалку ќе поднесат оставки од своите партии, но не го одржаа зборот.

-Истите, ветија дека ако не се смени уставот за 6 месеци, ќе си заминат од владата, повторно излажаа.

-Само споени избори ја запираат оваа пандемија на лаги, неуспеси и понижување на Албанците од денешните вазали, затоа немојте да се плашите и дојдете да се измериме на избори“, се наведува во партиското соопштение.