ДУИ: Омилената српско-бугарска компанија на Изет МегаВин Меџити веќе 7 години нелегално организира онлајн коцкање
Демократската унија за интеграција два дена по ред го разоткрива најголемиот корупциски скандал на омилената српско-бугарска коцкарска компанија на Изет МегаВин Меџити, соопшти на прес-конференција Бектеши.
Демократската унија за интеграција два дена по ред го разоткрива најголемиот корупциски скандал на омилената српско-бугарска коцкарска компанија на Изет МегаВин Меџити, соопшти на прес-конференција Бектеши.
„Откривме дека коцкарскиот монопол во државата под контрола на српско-бугарската приватна компанија го финансирала новиот директор на лотаријата Климовски со над 140.000 евра, додека тие за себе заработиле над 100 милиони евра на сметка на државата и граѓаните.
– Откривме и дека оваа добивка, омилената српско-бугарска компанија на Изет МегаВин Меџит и Арбен Таравари, ја има постигнато со целосно незаконски Договор“ рече Бектеши.
Тој додаде дека се работи за стотици милиони евра злоупотреба. Власта, како што рече Бектеши, во брзање да го врати и обезбеди монополот на српско-бугарското казино по налог на српскиот сопственик, во Собранието одобри автентично толкување кое на површина го извади целиот криминал на спонзорите на Изет МегаВин Меџити.
„Замислете го апсурдот, пратениците побараа толкување на членот 7 од законот за игри на среќа, а Владата одговори со толкување на членот 165 како преодна одредба од истиот закон.
– И покрај одлуките на Уставниот суд бр. 87 од 2011 година и бр. 156 од 2019 година како и во бројните претходни мислења на Министерството за финансии и Владата како и во стручното мислење, моноетничката Влада и собранието арбитрарно одлучија дека никој, ниту една компанија, немала право да организира онлајн коцкање од 1 јануари 2017 година.
– Ова автентично мислење од 13 август 2024 година, обзнани дека омиленото српско-бугарско казино на Изет МегаВин Меџити целосно нелегално организирала онлајн коцкање преку нивната интернет платформа 2win.mk од 1 јануари 2017 година, кога владата била предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се до 2024 година, оштетувајќи ја државата за десетици милиони евра“ посочи Бектеши.
Тој ги повика институциите, обвинителството, финансиската полиција, министерството за внатрешни работи, антикорупциската комисија веднаш да дејствуваат.
Ја обвини ВРЕДИ дека ги измамила Албанците, со тоа што го назначи Амет Мифтар за заменик-директор на Лотарија, не затвори ниту едно казино или кладилница, ни онлајн коцкањето не го затвори, а двапати по ред гласаше против нивното затворање во Собранието како и продолжува слепо да и служи на коцкарската индустрија.