
ДУИ: Од Балансер до Бадeнтер, план за рушење на уставниот поредок
Северна Македонија никогаш немала влада- по настроена против Охридскиот договор, против европската иднина и европската интеграција и повеќе од рамнодушна кон диктатот на српскиот свет од оваа што денес ја води државата, велат од ДУИ.
Северна Македонија никогаш немала влада- по настроена против Охридскиот договор, против европската иднина и европската интеграција и повеќе од рамнодушна кон диктатот на српскиот свет од оваа што денес ја води државата, велат од ДУИ.
Според оваа партија, јавните ставови на претставниците на Владата против Охридскиот договор, се претворени во пракса.
„Да се каже дека „е време за укинување на Бадeнтеровото мнозинство“, едeн од клучните столбови на уставниот поредок на државата, не е случајност.
За жал, секојдневно сè повеќе им се дава простор на политички партии или политичари кои имаат опасни идеи – дека мултиетничките држави не функционираат, дека треба да постојат „етнички чисти“ држави. Ваквите идеи и идејатори се крајно опасни затоа што ги влошуваат меѓуетничките односи и водат кон нивно рушење. Ние сме сведоци дека оваа Влада има агенда систематски да го напаѓа Охридскиот договор, што се покажа со низа потези: укинување на Балансерот и непочитување на правичната застапеност, непочитување на албанскиот јазик и Законот за употреба на јазиците, како и барањето на ВМРО-ДПМНЕ Уставниот суд да го поништи Законот за јазици. Денес, иако постои Закон за употреба на јазиците, над 100 институции зборуваат само на еден јазик.
Понатаму, Владата неправедно го намалува бројот на советници во општините, со што се нарушува реалната застапеност на Албанците, спротивно на Уставот, Законот за локална самоуправа и одлуката на Уставниот суд“.
На почеток, велат од партијата на Ахмети, не ја почитуваа политичката волја на Албанците, ги избраа оние кои Албанците ги одбија.
„Потоа ја забранија употребата на националното знаме од државни функционери. Следно на удар беше албанскиот јазик. Потоа го нападнаа заштитниот механизам на правичната застапеност и го укинаа Балансерот. А сега читаме дека сакаат да го укинат и Бадентеровото мнозинство!
И овој план се реализира затоа што најдоа неколку Албанци кои за една функција се подготвени да се откажат од сè што има вредност за мултиетничката и унитарна држава“.
На 19 октомври, како што велат, народот ќе го даде својот одговор на референдумот. Според ДУИ, часот на политичката и правната одговорност се приближува.