ДУИ не прифаќа локални избори без парламентарни

Без враќање на Балансерот, без враќање на Бадентер, без враќање на легитимитетот и без гаранција на Законот за јазиците, не може да има политика како и обично, порача Бујар Османи од ДУИ.

Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, вели дека не може да има локални избори без парламентарни избори, но и без враќање на Балансерот, Бадентер и без гаранцијата на Законот за јазиците.

– Ние велиме дека не може да има избори во услови кога Албанците ќе бидат деградирани до тоа ниво. Ќе се создаде длабока политичка криза. Албанците нема да дозволат денот да продолжи како ништо да не се случило. Тоа е морална обврска, тоа е национална обврска, тоа е човечка обврска кон оние кои ги дале своите животи за овој јазик. И сега ќе се однесуваме како ништо да не се случило – вели Османи за Дејли клик на ТВ21.

Без враќање на Балансерот, без враќање на Бадентер, без враќање на легитимитетот и без гарантирање на јазикот, не може да има политика како и обично, порача