ДУИ на линија со Ескобар: „Северна Македонија веднаш да стане членка на ЕУ“
Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, ја повтори изјавата дека „Актуелната влада била посветена на членството во НАТО и членството во ЕУ“, а очекувањата на ДУИ се дека Владата што ќе дојде по изборите, ќе биде слична посветена на членството во ЕУ и борбата против корупцијата
Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата на специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, поточно Северна Македонија да биде полноправен кандидат и веднаш да стане членка на Европската Унија.
Од партијата оценуваат дека силното партнерство и мултилатералното сојузништво на Северна Македонија со НАТО и ОБСЕ е заслуга на проевропските политики на актуелната Влада, што е нагласено и во оценките на стратешкиот партнер на Северна Македонија – Соединетите Американски Држави.
„Затоа, кампањата „ДА за Европа, НЕ за Русија“ ги отелотворува промените што државата ги спроведе во однос на интеграцијата, додека истата политика ќе продолжи и по изборите на 8-ми мај, кога граѓаните ќе гласаат за остро да ги осудат руските импликации кои веќе се дел и од албанската и од македонската опозиција“, посочуваат од партијата на Ахмети.
Според нив, токму шефот на дипломатијата Бујар Османи, воедно и кандидат за претседател на државата, како претседавач со ОБСЕ „го претворил Скопје во светски центар на политичките случувања“.
Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, ја повтори изјавата дека „Актуелната влада била посветена на членството во НАТО и членството во ЕУ“, а очекувањата на ДУИ се дека Владата што ќе дојде по изборите, ќе биде слична посветена на членството во ЕУ и борбата против корупцијата.