Политичката партија ДУИ купила деловно-административна зграда во центарот на Тетово, во кругот на „Телеком“, пишува неделникот „Фокус“.
Според информациите, се работи за објект со приземје и 3 ката со габарит од 452 квадратни метри и внатрешна површина од 1.423 квадрати.
Земјиштето на кое се наоѓа објектот се уште се води дека е во сопственост на државата.
Бејтула Адеми – задолжен за финансиите во ДУИ рекол дека партијата подигнала банкарски кредит од околу 900.000 евра, со период на враќање од 7 години.