
ДУИ за Академијата во Битолa: „Српскиот свет“ на раскрсница во Македонија
Демократската унија за интеграција најостро го осудува настанот одржан во Битола, каде за првпат во историјата на Северна Македонија, висока државна делегација на Србија, придружена од високи претставници на Владата на Северна Македонија, на официјален начин и со државен протокол, го одбележа српското окупирање на Македонија и Косово под плаштот на таканаречениот „Солунски фронт“, соопштија денеска од ДУИ.
Демократската унија за интеграција најостро го осудува настанот одржан во Битола, каде за првпат во историјата на Северна Македонија, висока државна делегација на Србија, придружена од високи претставници на Владата на Северна Македонија, на официјален начин и со државен протокол, го одбележа српското окупирање на Македонија и Косово под плаштот на таканаречениот „Солунски фронт“, соопштија денеска од ДУИ.
Според оваа партија, изјавите на српската министерка за труд и социјална политика, Милица Ѓурѓевиќ Станковски, дека „Македонците и Србите се едно стебло, еден корен и имаат заедничка иднина“, претставуваат отворена историска провокација и флагрантно мешање во идентитетот и суверенитетот на Северна Македонија. „Овие пораки се неприфатливи и имаат за цел да го релативизираат историскиот реалитет, нарушувајќи ги меѓуетничките односи и регионалната стабилност“.
Исто толку неприфатливо е и присуството на претставници од Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, како и на заменик-претседателот на Владата Иван Стоилковиќ на активност која директно го загрозува стратешкиот правец и мултиетничкиот карактер на нашата држава.
ДУИ јасно потенцира дека националистичките проекти на „српскиот свет“ немаат место во Северна Македонија. Иднината на државата е само патот на интеграцијата во Европската Унија, преку заштита на духот на Охридскиот договор, еднаквоста на граѓаните и мултиетничката кохезија на нашето општество“, соопштија од ДУИ.
AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ
Министерката за труд и социјална политика на Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, официјално најавувајќи го спроведувањето на проектот за вклучување на нашата земја во таканаречениот „српски свет“, објави денес Алијанса за Албанците преку соопштение до јавноста како и на својот Фејсбук профил, каде сподели две, како што велат, скандалозни видеа.
Како што велат од АА, окупацијата на Македонија од страна на Србија беше прославена во Битола и Кајмакале, Битола и Охрид беа прогласени за српски градови, додека српското знаме беше прогласено за „Знаме на единството“.
Од партијата потенцираат дека сето ова се случи во присуство на вицепремиерот Иван Стоилковиќ, што претставува официјално одобрение од Владата на Северна Македонија за сè што се случи и што го кажа српскиот министер. Целата церемонија беше проследена со српска полиција и војници, што симболизира окупација на земјата и го крши Уставот и суверенитетот.
Од АА сметаат дека овој чин ги потврдува сите нивни предупредувања дека Владата на ВМРО-ЗНАМ ја прави Северна Македонија дел од српскиот свет, додека албанските партии од Влен сега го легитимираат и го оправдуваат тоа со конкретни акции.
Овие акции целосно ја менуваат ориентацијата на земјата, од независна држава на сите граѓани, во српска покраина, од европска земја и членка на НАТО, во полигон на Србија и Русија, алармираат од Алијанса за Албанците.