ДУИ: Демантирана уште една лага, Николоски потврди дека никој од ДУИ не купил земјиште на патот Скопје – Блаце
Демократската унија за интеграција смета дека уште една голема лага на ВМРО ДПМНЕ и на Александар Николоски е целосно демантирана, бидејќи и самиот Николоски во Собранието потврди дека никој од редовите на ДУИ не купил земјиште на патот Скопје – Блаце, како што тој обвинуваше со недели.

„Во Собранието, Николоски откри имиња на 4 фирми кои за свои потреби купиле земјиште во близина на трасата Скопје – Блаце, а ниту една од нив нема ниту една единствена врска со ниту еден функционер на Демократскиот сојуз за интеграција.
ДУИ бараше Николоски јавно да ги открие сите имиња на функционери на ДУИ кои, според него, купиле земјиште на патната оска Скопје – Блаце.
Николоски вчера во Собранието се демантираше себеси и ВМРО ДПМНЕ.
Секојдневните ретерирања на Владата, како за коридорот 8, така и за автопатот Скопје – Блаце, покажуваат несериозност и леснотија на ширење лажни вести од самата влада и владините министри без етнички легитимитет.
Граѓаните се убедени дека тврдењата на ВМРО и Влен треба да се земат со голема резерва бидејќи тие се предомислија за секое прашање и ги негираа нивните лажни обвинувања. Неколкугодишниот Политички лов на вештерки целосно пропадна им се демонтира, вистината победи! “ порачаа од ДУИ.