
Општина Чаир, со само три квадратни километри, но дом на над 60.000 граѓани, се претвори во симбол на урбан криминал и институционална злоупотреба. Со години наназад, илјадници квадратни метри зеленило беа уништени за да им се отстапи место на нелегални и корумпирани градби.
Оваа општина, една од најгусто населените во Европа, стана една од најзагадените и најнечистите општини во државата. Последните откритија за стотици згради изградени со фалсификувани документи, јавно обелоденети, ја откриваат вистинската димензија на скандалот и реалната опасност што им се заканува на животот на жителите. Ова е срамен крај на еден мандат обележан со корупција, загадување, незаконско градење и киднапирање на иднината на нашите деца.
Но, надежта доаѓа. За само неколку месеци, ова зло што ја попречуваше иднината на Чаир ќе биде отстрането, и ќе се отвори ново поглавје исполнето со достоинство, зеленило и надеж за сите наши граѓани, порачаа од ДУИ.
Реакцијата очигледно се однесува на работењето на градоначалникот Висар Ганиу кој во минатото беше кадар на ДУИ.