
ДУИ: Ги осудуваме обидите за меѓуетнички тензии како параван за неспособноста на Мицкоски
ДУИ останува посветена на правдата, еднаквоста и благосостојбата на сите граѓани и ја повикува меѓународната заедница и локалните граѓански организации да се придружат во застапувањето за правично и праведно решавање на оваа еднострано наметната криза во која вистински одговорните ги водат постапките и со тоа влијание се обидуваат да се изолираат од одговорност“, се вели во соопштението на ДУИ.
Демократската унија за интеграција (ДУИ) по трагичниот пожар во Кочани, во кој животот го загубија 60 млади лица, ја нагласува итната потреба за одговорност и обезбедување почитување на сите стандарди за да се спречат вакви трагедии во иднина.
„За жал, по оваа катастрофа, граѓаните се сведоци на загрижувачко однесување од актуелната влада на ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Мицкоски.
Наместо да преземе брза и решителна акција и да ги повика на одговорност оние кои се вистински виновни, владата се вклучи во активности за бегање од одговорност на актуелните функционери и се оддаде на создавање непотребни етнички тензии.
Во моментов Мицкоски со неосновано апсење на албанци се обидува да предизвика меѓуетнички тензии, како параван за неуспесите на владата и како алатка за предизвикување етнички раздор.
ДУИ најостро ги осудува неодамнешните апсења на поединци кои немаат врска со трагедијата, како средство за оттргнување на вниманието од вистинските виновници.
Овие постапки без докази покренати од институциите на Мицкоски, служат за насочено таргетирање на поединци за политички цели.
Очигледно е дека додека се користат поединци како жртвени јагниња, оние на моќни позиции, вклучително актуелни министри и директори, остануваат на слобода и покрај нивната целосна одговорност за оваа трагедија.
Ги повикуваме институциите:
1. Да не работaт по “Законот на Мицкоски”, туку да ја потврдат својата посветеност за почитување на владеењето на правото и заштита на правата на сите граѓани, без разлика на нивната етничка припадност.
2. Да спроведе темелна и транспарентна истрага за трагедијата во Кочани, базирана врз докази, со тоа обезбедувајќи гаранции дека вистински одговорните лица ќе ги сносат последиците, без разлика на нивната политичка определба.
3. Да се фокусира на решавање на легитимните барања на сите погодени од оваа трагедија и на пошироката јавност која бара правда, за што е неопходно да се истражат темелно сите факти кои предизвикале да се случи оваа хаварија која однесе 60 животи, за истото никогаш да не се повтори.
Мицкоски да престане со селективниот пристап и апсења без соодветни докази, да ги ослободи оние кои биле незаконски приведени без доказен материјал или соодветна постапка.
ДУИ останува посветена на правдата, еднаквоста и благосостојбата на сите граѓани и ја повикува меѓународната заедница и локалните граѓански организации да се придружат во застапувањето за правично и праведно решавање на оваа еднострано наметната криза во која вистински одговорните ги водат постапките и со тоа влијание се обидуваат да се изолираат од одговорност“, се вели во соопштението на ДУИ.