ДУИ ги објави кандидатите за градоначалници на Долнени, Пласница и Бутел

ДУИ е во завршна фаза на селекција на сите кандидатури со кои Националната алијанса за интеграција ќе настапи на локалните избори.

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денес ја свика 23-та седница на Централното претседателство на ДУИ, на која се дискутираше за актуелните политички случувања, за максималната мобилизација на Националната алијанса за интеграција, како и за плебисцитарната и севкупната народна победа на референдумот на 19 октомври, информира ДУИ во соопштение.

На оваа седница, едногласно и со целосен консензус, беа усвоени три нови кандидатури за градоначалници: Во Долнени – Фламур Ѓолека, во Пласница – Али Јаоски и во Бутел – Исамедин Азизи.

ДУИ е во завршна фаза на селекција на сите кандидатури со кои Националната алијанса за интеграција ќе настапи на локалните избори.