ДУИ: Владата без одложување да почне непристрасен и сеопфатен ветинг

ДУИ ја повикува Владата веднаш да престане со користење на антикорупциската пропаганда за партиски цели и создавање димна завеса за прикривање на нејзините неуспеси во европската интеграција и влошувањето на меѓуетничките односи.

Од ДУИ ја повикаа Владата веднаш да престане со користење на антикорупциската пропаганда за партиски цели и создавање димна завеса за прикривање на нејзините неуспеси во европската интеграција и влошувањето на меѓуетничките односи.

„Наместо да продолжи со ваков пристап на манипулации и селективна правда, бараме Владата без одложување да започне непристрасен и сеопфатен процес на ветинг за да се испита изворот на богатството на политичарите во последните 30 години и начинот на кој се спроведени процесите на приватизација.

Ова е единствениот начин за враќање на довербата на граѓаните и за градење стабилен правен поредок.

Во спротивно, ваквиот пристап ќе продолжи да создава политичка поларизација и етнички поделби кои ќе ги поткопаат темелите на нашето општество.

Историјата покажа дека секој обид за користење на антикорупцијата како алатка за политички реваншизам и прикривање на скандалите ќе се врати како бумеранг и ќе ги погоди токму оние кои ја поттикнуваат.

Владата не може да тврди дека гради правичност користејќи неправедни тактики и манипулации кои само ги продлабочуваат поделбите во општеството.

Користењето на емоциите на граѓаните за прикривање на стратешките неуспеси на Владата во двете клучни столбови – европските интеграции и меѓуетничките односи – е опасна стратегија“, велат од ДУИ.