ДУИ бара спроведување на Законот за јазиците наместо нови иницијативи и комисии

Секоја нова иницијатива која има за цел да го заобиколи директното спроведување на Законот за употреба на јазиците во испитите за кандидатите правници претставува голема измама и обид да се избегнат обврските што произлегуваат од законот. Прашањето за употребата на албанскиот јазик во овие испити не е прашање што бара нови решенија, нови иницијативи или нови толкувања, туку бара само спроведување на постоечкиот закон. Секое отстапување од овој пат во суштина претставува избегнување на законските обврски и деградација на постојниот јазичен статус, велат од ДУИ.

„Законот за употреба на јазиците е lex specialis и како таков се применува директно и има предност во однос на другите закони. Овој закон е јасен, прецизен и целосен во ситуациите што ги предвидува, вклучително и употребата на јазиците за испитите за правосудство, нотаријат и извршување. Поради тоа, секоја иницијатива за усогласување на другите закони со образложение дека дури по усогласувањето може да се применува употребата на албанскиот јазик претставува повреда на правниот поредок и релативизирање на право кое е загарантирано со закон.

Ставот дека проблемот се решава преку усогласување на законите за правосуден испит, нотаријат и извршување е во директна спротивност со Законот за употреба на јазиците, конкретно со член 23 ставови 4 и 5, кои веќе јасно ја уредуваат употребата на јазикот и не оставаат никаков простор ова право да се условува со усогласување на законите или со барање од кандидатот. Правото на употреба на јазикот не е привилегија, туку загарантирано право и не може да зависи од дополнителни административни процедури или погрешни толкувања“, соопштија од ДУИ на Али Ахмети.

Ова прашање, додаваат од таму, не се решава со нови иницијативи, ниту со комисии, ниту со бескрајни усогласувања, туку со директно спроведување на Законот за употреба на јазиците.