Дуда до Шолц и Макрон: Дали некој разговараше со Хитлер во Втората светска војна?

Претседателот на Полска – Анджеј Дуда ги критикуваше францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц поради дијалогот со рускиот претседател Владимир Путин и покрај руската воена интервенција во Украина.

„Запрепастен сум со сите тие разговори со Путин, кои ги водата канцеларот Шолц и претседател Макрон. Со тие разговори не се постигнува ништо“ – изјави Дуда за „Bild“.

Тој рече дека „разговарањето со Путин претставува вид легитимизација на личноста одговорна за злосторствата кои руската војска ги сторила во Украина“.

„Самиот Путин е одговорен за испраќање на својата војска во Украина“ – вели Дуда.

Полскиот претседател направи компарација со Алдолф Хитлер во Втората светска војна.

„Дали некој разговараше со Адолф Хитлер во текот на Втората светска војна? Дали некој рече дека мора да го сочува образот? Дека работите мора да се прават на начин да не се понижи Адолф Хитлер?“ – праша Дуда.