Дуа Липа е новото заштитно лице на Порше

Дуа Липа ќе стане новото заштитно лице на Porsche, пишуваат британските медиуми.

Пејачката на New Rules (27), која веќе има мноштво хит синглови, модна линија со Версаче и успешен подкаст, сега ќе започне нов проект.

Според „Сан“, на Дуа, која претходно беше заштитно лице на конкурентската компанија за луксузни автомобили Јагуар, сега и е понудена „седумцифрена сума“ за да го потпише договорот.

Нејзиното претходно партнерство со Јагуар беше многу профитабилно, што придонесе значително за нејзиното пријавено нето богатство од 75 милиони фунти. Сепак, можноста за соработка со Порше беше премногу примамлива за да се пропушти.

Извор од компанијата изјави дека се определиле за Дуа, бидејќи таа е една од најжешките лица во музиката во моментов и е глобална ѕвезда. „Таа има огромна моќ за влечење на брендот и Порше и понуди пакет со седум цифри што не можеше да го одбие“.

Дуа првпат почна да работи со Јагуар во 2018 година и тоа ѝ донесе огромна сума на пари. „Но, кога Порше ѝ тропна на врата, тоа беше навистина возбудлива понуда и таа со нетрпение очекува да се вклучи.

Таа е апсолутна ѕвезда во моментов и нема ништо да ја запре“. Како дел од договорот со Порше, пејачката ќе седне зад воланот на бесплатното ново Porsche од врвната понуда.