ДС предлага субвенции за струја и помош за сиромашните семејства

Демократскиот сојуз предлага Владата да ја разгледа можноста за субвенционирање на поскапувањето на електричната енергија за 90% за граѓаните и компаниите или разликата во цената компаниите да ја плаќаат 5 години по престанување на енергетската криза.

Воедно предлагаат социјален пакет за семејствата со ниски приходи, се со цел да можат да се прехранат во услови на енормно зголемување на цените на основните прехранбени производи, енергија и услуги.

Еден од приоритетите за кој треба да расправа Парламентот е и тешката економска и енергетска криза во земјата и справување со последиците,како и спроведување на законските обврски од граѓаните и компаниите кои не плаќаат електрична енергија,данок на промет,данок на додадена вредност, велат од партијата.