Демократскиот сојуз предлага да се забрани наркобизнисот во Македонија.
„Легализацијата на производство на канабис за медицински цели се злоупотребува, над 70 фирми произведуваат канабис без ефикасна контрола од државните институции и производството се пласира на нелегалниот пазар, со што се шири нарко бизнисот и злоупотребата на канабисот. Присуството на експерти од странство за борба против наркобизнисот во Македонија, потврдува дека овој криминал поприма сериозни димензии и повлекува формирање на наркокартели, меѓусебни пресметки и ликвидации, како и ширење на наркоманијата во големи размери и надвор од Македонија“ велат од партијата.
Од ДС велат дека „досега се откриени над 10 `кражби` на марихуана, обиди за нелегална продажба на канабис итн.“
„Состојбите се загрижувачки и прашање е кога ке добиеме сериозна критика и одлука за забрана на прозводство на канабис и од Организацијата на Обединетите Нации. Последната акција на МВР, во која се опфатени и партиски активисти укажува на примамливоста и огромните нелегални профити од овој вид на легализиран криминал. Во овој `бизнис` се вклучени и носители на високи државни и политички функции“ стои во партиското соопштение.