ДСЗИ: Инспекциски надзор во сите установи каде пациентот од Берово побарал лекарска помош

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска извршиле вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ КБ Штип по допрен глас за настанат смртен исход кај пациент Ј.Д. од Берово по извршена хируршка интервенција на заб, соопштија од оваа институција.

„Инспекцискиот надзор во клиничката болница е се уште во тек. Дополнително ќе се извршат и вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установо каде пациентот побарал лекарска помош и тоа: матичен лекар, матичен стоматолог, итна медицинска помош Берово и ЈЗУ ТОАРИЛУЦ-ОЕ за анестезија, ренимација и интензивно лекување – Скопје при што ќе биде обезбедена медицинската документација поврзна со лекувањето на пациентот“ велат од ДСЗИ.

Оттаму посочуваат дека „по завршување на инспекцискиот надзор ќе се изготви комплетна информација“.

Од страна на ДСЗИ ќе иницираат и формирање на Комисија за стручен надзор до министерот за здравство.