„Дружба“ повторно активен: Унгарија ја обнови испораката на нафта

„Очекуваме Украина да не го напаѓа повторно овој клучен нафтовод. Ова не е наша војна, Унгарија мора да остане надвор од неа“, истакна Сијарто.

Доставите на нафта преку рускиот цевковод „Дружба“ за Унгарија се обновени по нападот со украински дронови врз трансформаторска станица на објектот, соопшти унгарската влада, пренесува ДПА.

„Доставите на нафта преку ‘Дружба’ се рестартирани по украинскиот напад пред два дена“, соопшти унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на социјалната мрежа „Икс“.

Тој му се заблагодари на рускиот заменик-министер за енергетика Павел Сорокин за брзото отстранување на штетите.  „Очекуваме Украина да не го напаѓа повторно овој клучен нафтовод. Ова не е наша војна, Унгарија мора да остане надвор од неа“, истакна Сијарто.

Цевководот „Дружба“, кој се наоѓа на околу 320 километри од украинската граница, обезбедува нафта за Унгарија и Словачка.